Пoжарите во Македонија се под контрола, засега нема опасност од нови

Најновите информации околу пожарите од страна на Центарот за управување со кризи се дека сите жаришта се под контрола и нема место за паника.

Во нивниот извештај се вели дека пожарите во кризниот и други региони во Македонија се локализирани.

Пожарот кај Јасеновска глава од страна на село Попадија е локализиран. Интервенирале вработени од ШС „Бабуна“.

Под контрола е пожарот кај Богомила, пред тунелот на пругата за прилпското село Гостиражни. Интервенираат од ШС „Бабуна“ – Велес и лица од месно население од село Богомила.

Пожарот на подрачјето на село Галиште, со кој е зафатена сува трева, е под контрола.

Од ЦУК информираат дека пожарот во близина на населените места Мажучиште, Мараморани и Горно Село, повторно е активен во правец на село Горно село каде гори сува трева.

Пожарот во близина на селата Крушевица и Бонче е под контрола.

Под контрола е пожарот кај село Никодин.

Шумскиот пожар во атарот на село Норово е локализиран, а теренот го контролираат ТППЕ Крушево, ШС Липа Крушево и месно население.

Под контрола е пожарот на м.в. Фрлогоец (Женска планина) на Бистра Планина и е со мал интензитет.