Пожари, затворени патни правци, времен режим на сообраќај: Важни информации од АМСМ

Од 21:10 часот сообраќајот на регионалниот пат Штип – Неготино кај клучка 21км, е во прекин во двата правци поради пожар на планината Серта.

Од 11:00 часот, на десна коловозна лента на автопат Скопје-Куманово извршена била времена измена на режим на сообраќај , при што во должина од 1000 метри (пред НС Миладиновци до НС Миладиновци), сообраќајната лента за принудно запирање и сообраќајната лента за возење ќе бидат затворени, додека сообраќајот ќе се одвива по левата сообраќајна лента за претекнување.     

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по cуви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање на ГП Табановце за влез во државата е околу 30 минути, на ГП Богородица за излез од државата е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Термините се следни:

–      петок од 17:00 – 22:00 часот, 

–      сабота од 09:00 до 18:00 часот и

–      недела од 09:00 до 22:00 часот.

На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:

–      петок од 15:00 – 22:00 часот,

–      сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и

–      недела од 07:00 до 22:00 часот.

Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.