Пожари и кај Пехчево, граѓаните апелираат за помош преку социјалните мрежи

Пожарот во појасот меѓу Делчево и Пехчево веќе го зафати археолошкиот локалитет Св. Петка и се шири кон градот и кон селата Умлена и Робово.

Во групите, страниците и профилите поврзани со промоција на туризмот во Пехчево и околината, како и кај граѓани од тој крај, постојано се повикува на помош во гаснењето на огновите, за да се спречи ширење во населените места. 

Постојано се објавуваат фотографии и видеа од огнената стихија, која веќе надвиснала над градот.