Пожар зафати две куќи во Драчево

Пожар зафати куќи – лепенки во Драчево. Според информациите од Противпожарната бригада на Град Скопје, пожарот избувнал ноќеска по полноќ на улицата Стари Новаќиња бр.42 и 44 во населбата Драчево.

Пет возила со 13 пожарникари два часа го гаснеле пожарот од 2.05 до 4. 05 часот изутринава. Огнот зафатил површина од 40 метри квадратни, при што првичните проценки се дека е предизвикана штета од милион денари.