Пожар во зградите „близначки“ во Карпош 4

Стан се запалил утрово околу 10 часот во една од зградите „близначки“ во населбата Карпош 4 во Скопје, објави Слободен печат.

Станува збор за стан на 16-ти кат, а неофицијално пожарот е предизвикан од плинска боца. Од запалениот стан пожарнирите со крајни маки успеале да го спасат сопственикот кој од терасата барал помош.

Голем дел од станарите се евакуирани од зградата, а пожарникарите до овој момент не успеваат да се справата со огнените јазици, токму поради сложената пристапност на зградата.