Пожар во затворот Идризово, пет противпожарни возила на терен

Пожар избувнал попладнево во затворот Идризово.

Од полицијата потврдуваат дека кај нив е пријавен пожар во затворот околу 14 часот, а според пријавата опожарена е кровна конструкција.

Во куса телефонска изјава за КУРИР командирот на протипожарната бригада на Град Скопје Ѕвонко Томевски рекол на терен се испратени пет возила и се уште се работи.

Дел од медиумите на албански јазик јавуваат дека пожарот настанал во секторот за прифаќање на затворениците, избувнал пожар.

Извори од затворот, за весникот на албански јазик „Лајм“ велат дека пожарот веројатно ги предизвикале затворениците револтирани од лошите услови во затворот. Извори за „Лајм“ посочуваат дека во една ќелија има по 15 затвореници, владее голема нечистотија, а вода нема.