Пожар во возило во Скопје, сопственикот завршил со повреди

Вчера околу 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат помеѓу селата Долно Лисиче и Горно Лисиче, настанал пожар во патничко возило  „Фолксваген пасат“, сопственост на М.Н.(29) од Скопје, информира МВР.

Според пријавеното, пожарот настанал додека тој работел на возилото, при што се здобил со изгореници. Пожарот бил локализиран околу 16.45 часот од екипа на Противпожарната единица, а М.Н. бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде му била укажана помош.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

jordan retro 11 mens boots