Пожар во Визбегово, горат камиони во дворот на компанијата „Атлантик“

Четири камиони се зафатени од пожар на паркинг во двор на фирмата „Атлантик“ во скопската населба Визбегово, на Качаничкиот пат, а постои опасност и други камиони да бидат опожарени, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– На спротивната страна од патот се наоѓа бензинската пумпа ХИБ Петрол. Веднаш по добиеното известување за пожарот, Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје и МВР беа информирани – велат од ЦУК.

Пожарот бил пријавен на бројот 112 во 21.14 часот. Очевидци потврдуваат дека пожарот започнал на еден шлепер, но се проширил на два други. Според последните информации, постои ризик да бидат зафатени и други камиони.