Пожар во викендица во Идризово

Вчера во 18:41 часот во СВР Скопје било пријавено дека во селото Идризово, скопско, на местото викано „Наово“ настанал пожар во викенд куќа.

Викендицата била во сопственост на 72-годишната М.В. од Скопје.

Во полицискиот билтен се наведува дека од екипа на Бригадата за противпожарна заштита-Скопје пожарот бил изгаснат и дека нема повредени лица.

 Извршен бил и увид.