Пожар во старечки дом во кавадаречко, се евакуираат станарите

Пожар во старечки дом во кавадаречко. 

Регионалниот центар за управување со кризи - Велес известува дека во село Чемерско (општина Кавадарци) има пожар во старечкиот дом каде на терен интервенираат 10 пожарникари со 3 протипожарни возила.

Исто така во терен има уште три медицински тима и две полицискки возила со 8 полицајци.

Во меѓувреме се евакуираат 30 лица кои се сместени во старечкиот дом со две мини возила (минибуси), известија од ЦУК.