Пожар во стан во зградата зад „Бисер“

Пожар избувна претпладнево во стан во скопската населба Аеродром. Пожарот се случи во зграда која се наоѓа зад трговскиот центар Бисер.

Огнот започнал да се шири од стан на петтиот кат во зградата, по што веднаш била повикана противпожарната служба.

Од противпожарната бригада за А1он потврдиле дека екипи веќе се на терен и се работи на локализирање на пожарот.

- Веднаш е излезено на терен и се интервенира со три противпожарни возила и деветмина пожарникари. Се уште се работи пожарот целосно да се локализиран, изјавиле за А1он од противпожарната бригада.

Фото: А1он