Пожар во стан во Скопје, сопственичката пренесена во болница

Министерството за внатрешни работи информира дека на 26.11.2021 во 12.04 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје на ул.„Антон Попов“ во стан сопственост на В.Ј.(88) настанал пожар, а од пожарот биле оштетени влезните врати од два соседни стана.

Сопственичката В.Ј. е пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, информираат од полицијата. 

Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Скопје. Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.