
Ноќеска во 00:25 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека настанал пожар во стан на улица „Сава Михајлов“ во Гевгелија.
Во полицискиот билтен се наведува дека од екипа на Територијалната противпожарна единица Гевгелија пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Од преземените мерки било утврдено дека пожарот го предизвикала В.К.(64), која живеела во станот, а која подоцна била спроведена во здравствена установа.
Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.