Пожар во стан во центарот на Скопје, гореше и оџак на улица „Македонија“

Вчера во Полициската станица Центар стигнале две пријави за пожари во центарот на Скопје. 

-На 23.06.2022 околу 13.20 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека околу 13.15 часот во стан од зграда на подрачје на Центар, сопственост на П.Д.(37) од Скопје, настанал пожар на електрична табла со осигурувачи. Пожарот бил изгаснат од екипа противпожарната единица Скопје, а повредени лица нема. 

-На 23.06.2022 во 21.15 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека на оџак од угостителски објект на Плоштад Македонија настанал пожар. Пожарот бил изгаснат од екипа противпожарната единица Скопје, а повредени лица нема.

Увид и во двата случаи извршила екипа од СВР Скопје.