Пожар во средното училиште во Драчево

Полицијата вчера вечерта добила пријава дека во ДСУ „Браќа Миладиновци“ во Драчево имало пожар каде што гореле бали сено.

Пожарот бил изгаснат во 23.00 часот.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.