Пожар во скопско Драчево - изгоре дел од куќа

Вчера попладнето, околу 19:30 во куќа во населбата Драчево, на улица „Бранко Заревски“, во сопственост за 53-годишниот Б.Т. избувнал пожар.

Според информации на МВР, додека тој седел во дневната соба во својот дом во еден момент пукнала плинска боца и потоа избувнал пожар при што била опожарена собата.

Пожарот бил локализиран од страна на Бригадата за противпожарна заштита-Драчево.