Пожар во скопската Чаршија, екипите се на терен

Во објект во Старата чаршија во Скопје вечерва изби пожар, кој според првичните информации се шири со голема брзина и се заканува да ги зафати соседните дуќани и постари градби.

Според првичните информации, станува збор за куќа  во близина на црквата „Св.Спас“. Според директорот на ЦУК, Мухамед Али, пожарот е избувнат некаде околу 19:43 часот, вечерва. 

Настанот го објавија повеќе медиуми, но и бројни граѓани на социјалните мрежи кои споделија фотографии и видеа од густ чад што се издига над чаршијата. Според нивните коментари, пламенот бил забележан брзо, но пожарот се развил доволно за да предизвика видлива загриженост кај локалните сопственици и посетители.

На местото веднаш се пристигнати противпожарни екипи кои работат на локализација на огнот. Засега нема информации за повредени лица, но службите ги расчистуваат околните простори и ги отстрануваат луѓето од потенцијално ризичните зони. Граѓаните кои се затекнале таму велат дека стравуваат од поголема штета, имајќи предвид дека дел од објектите во Чаршијата се стари и осетливи на пожар.  Причините за избувнувањето засега не се познати, а официјални информации се очекуваат по интервенцијата и првичните процени на инспекциските служби.