Пожар во Скопје - старица едвај извлечена

Во СВР Скопје вчера во 11:50 часот било пријавено дека на улица „Радишанска“ настанал пожар на терасата од куќата сопственост на 73-годишната П.С. од Скопје. 

Пожарот, според пријавеното, настанал откако П.С. запалила стари алишта, при што била зафатена балконската врата. Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде и била укажана лекарска помош.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.