Пожар во познат локал во центарот на Скопје, пожарникарите и полицијата сè уште се на терен

Вечерва избувна пожар во познат угостителски локал на улицата „Димитрие Чуповски“, кој се наоѓа во приземјето на станбена зграда во центарот на Скопје.

Благодарение на брзата интервенција на екипите на противпожарните екипи, огнот е локализиран и изгаснат, со што е спречено негово проширување кон останатиот дел од објектот. Полициски екипи го обезбедуваат местото на настанот, додека пожарникарите сè уште се присутни и вршат проверки за да се исклучи можноста од повторно разгорување на пожарот.

На локацијата има поголем број граѓани кои го следат развојот на настанот. Засега нема информации за повредени лица, ниту е позната причината за избувнувањето на пожарот. Повеќе информации се очекуваат по завршувањето на увидот од надлежните служби.