Пожар во пекара во Ѓорче Петров

Утринава во 9 часот изутринава избувна пожар во пекарата „Кендо“ во населбата ѓорче Петров, пренесува Канал 5.

За среќа во пожарот нема повредени лица. Во гаснењето на пожарот учествувале повеќе пожарникарски возила и пожарникари – еден од пожарникарите е повреден.

Огнот од пекарата го зафатил и покривот на куќата. Неофицијално соседите велат дека пожарот избил од оџакот кој се запалил рано утринава.

Семејната куќа и пекарата се на кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров Владо Мисајловски.