Пожар во Неуромедика, штетата сѐ уште не е утврдена

Пожар избувнал ноќеска во болницата Неуромедика во центарот на Скопје. Како што информираат од Противпожарната бригада на Град Скопје, пожарот избувнал во 2:53 ноќеска во машинското одделение на Неуромедика на улицата Јордан Мијалков во Скопје.

Пожарникарите интервенирале на терен до 4:15 часот изутринава.

Според првичните информации од Пожарна, опожарени се 10 метри квадратни, а материјалната штета сѐ уште не е утврдена. На терен било интервенирано со две возила и пет пожарникари.