Пожар во магацин за стари вагони во објект на Македонски железници

Голем пожар избувна во магацинскиот простор за стари вагони во објектот на Македонски Железници Транспорт во Кисела Вода пренесува Курир.

Пожарот, според првичните информации, избувнал уште ноќеска во 01:20 часот на улицата „Трета Македонска Бригада, а интервенирале 20 пожарникари со осум противпожарни возила.

Во моментов се гледа и црн чад како се крева од објектот, а екипи на терен се обидуваат да се справат со огнените јазици. Причината и штетата дополнително ќе се утврдуваат. Засега нема информација за повредени.