Пожар во Маџари - изгоре куќа

Во пожар што избувна вчера попладне делумно изгоре куќа на улицата „1“, кај стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.  

Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје информира дека добиле повеќе телефонски дојави за пожарот и интервенирале од 17:08 до 18:15 часот со десет пожарникари и четири возила.

Опожарени се 50 метри квадратни и причинета е материјална штета од 100 илјади денари.