Пожар во кумановско, неофицијално се запалиле возила при судир

Гори на повеќе локации во кумановско Старо Нагоричане. 

Горат неожнеани ниви, стрништа, но и објекти, соопшти денеска заменик градоначалникот на општината, Бобан Цветановски.

- Пожар имаме во маало Трендајловци, село Младо Нагоричане, во близина на „Етносело“. Огнената стихија брзо се шири, бараме поддршка од сите соседни општини Куманово и Ранковце ама и таму има пожари. Има зафатено куќи, викендички, неожнеани ниви, стрништа, огромна површина, изјави Цветановски.

Екипите се на терен, но станува збор за рурална општина чија противпожарна единица има само две возила. 

Неофицијално, пожар имало и на една сообраќајница каде при судир се запалиле возила. Официјални информации очекуваме од МВР од каде велат дека се врши увид.