Вчера на пладне било пријавено дека настанал пожар во куќа во скопското село Горно Соње. Повредени нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
„На 12.06.2025 во 12.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Горно Соње, скопско, настанал пожар во куќа, сопственост на П.Т.(50) од Скопје. Повредени лица нема, а од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, се наведува во полицискиот билтен.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.