Пожар во куќа во Скопје

Вчера околу 13.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Киро Фетак 1“ настанал пожар во помошна просторија од куќата сопственост на З.А.(45).

Од пожарот опожарена била покуќнината во помошната просторија.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита.