Пожар во куќа во Илинден - едно лице повредено

Во 21,05 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „8“ во населбата Илинден избувнал пожар во  куќата на 36-годишниот Д.Т.

На местото на настанот првично било констатирано дека пожарот најверојатно настанал од проводник на електрична енергија. Од пожарот оштетен бил кровот на куќата и мал дел од покуќнината во поткровјето.

Братот на сопственикот, 31-годишниот М.Т. при напуштање на куќата се самоповредил (повреда на левиот скочен зглоб).

Екипа од Бригадата за противпожарна заштита целосно го изгаснала пожарот. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.