Пожар во Ѓорче Петров, изгоре познат угостителски објект

Во саботата избувнал пожар во ресторанот Камин Кама во населбата Ѓорче Петров, пренесуваат дел од медиумите. 

И покрај брзата интервенција на пожарникарите, сепак огнените јазици се ширеле со многу голема брзина и го зафатиле целиот објект.

Причините за пожарот не се познати.