Пожар во гаража во Скопје - се запалил и паркираниот автомобил внатре

Ноќеска во гаража на ул. „Преспанска“ во Скопје, избил пожар од кој бил зафатен и автомобилот паркиран во гаражата. 

Пожарот бил веднаш локализиран од страна на екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а за среќа нема повредени лица, информираат од МВР. 

Од таму додаваат дека автомобилот бил во сопственост на 28 годишен скопјанец. Од страна на екипа на СВР Скопје, бил извршен увид.