Пожар во близина на селото Гари, се апелира да се испратат хеликоптери за негово гаснење

Еден од 12-те активни пожари според Центарот за управување со кризи е во близина на мијачкото село Гари. Граѓаните кои имаат куќи во ова село се загрижени со брзината со која овој пожар се приближува кон селото а доаѓа од планината Стогово каде гори сува трева.

Според очевидиците, оганот од пожарот е на линијата од три километри до селото и се спушта надолу. Апелираат што е можно поскоро да се испратат хеликоптери за гаснење на пожарот од воздух, за да не се случи најлошото, огнените јазици да се прошират и да ги зафатат куќите во селото Гари.