Пожар пред топланата на БЕГ

Утрово се случил пожар кај топланата на БЕГ. Голем црн чад ги вознемири жителите на овој дел од Скопје.

-Некаде околу 5 часот наутро се појави голем црн чад. Некаде околу 40 минути се гледаше црниот дим како се издига на небото, потоа се расчисти, велат жители кои го забележале пожарот.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.