Пожар од сува трева и ѓубре ги задржа пожарникарите будни

Кумановските пожарникари, изминатово деноноќие гаселе опожарена сува трева во различни села, а интервенирале и на запалено ѓубре, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.

Опожарена сува трева горела во Романовце од 12:35 до15:10 часот, во Липково од 15:15 до 17:30 часот, и во село Никуљане од 17:45 до 18:55 часот. Во текот на денот, било запалено ѓубре во населбата Средорек. На сите пожари било делувано со по едно возило и со една противпожарна екипа.