Пожар на Средно Водно откри насади со канабис сатива

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во парк - шума „Водно“, на место викано „Марково крувче“, настанал пожар во кој биле опожарени смрека, трева и борова шума.

При увидот биле пронајдени и околу 15 саксии со стебла „канабис сатива“ кои биле зафатени од пожарот.

Од полицијата информаат дека работат на расчитување на случајот.