Пожар кај старата фабрика „Комуна“, горел пластичен отпаден материјал

Утрово околу 04.55 е добиена пријава дека е настанат пожар кај старата во фабриката „Комуна“.

Од скопската пожарна за „Локално“ изјавиле дека станува збор за магацински простор каде е запален пластичен материјал.

„Се работи за поголема количина на пластичен отпаден материјал каде се врши дробење и рециклирање на истиот. Интервенирано е со 9 возила и 20 пожарникари. Пожарот брзо е ставен под контрола“, вели за „Локално“, командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески.

Во моментов на терен има дежурна пожарникарска екипа која го надгледува теренот. 

Инаку, утрово се мислеше дека пожарот е настанат кај топланата на БЕГ, каде голем црн чад ги вознемири жителите на овој дел од Скопје.