Пожар избувнал во трафостаница во Липково - оштетено и паркирано возило

Пожар избувнал во трафостаница во селото Липково, при што било оштетено и паркирано патничко возило „сеат алтеа“, соопштија денеска од СВР Куманово.

Пожарот во полицијата бил пријавен денеска во 03:43 часот од Ш.А. од селото Липково.

Територијалната противпожарна единица го изгасила пожарот во кој нема повредени лица.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Куманово.