Пожар избувнал на улицата „Јадранска магистрала“

Вчера, на улицата „Јадранска магистрала“, во фирма, настанал пожар во патнички возила  и вилушкар. Повредени лица нема.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), на 07.07.2022 во 06.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во фирма на ул.„Јадранска магистрала“, сопственост на Ж.М.(55) од Скопје, настанал пожар во патничко возило „Рено Канго“, возило „Фолксваген Кеди“, возило „Фиат Добло“, сите со скопски регистарски ознаки и вилушкар.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.