Пожар избувна во барака во Скопје

Пожар избувна сабајлево во напуштена барака во Скопје. Како што информираат од Противпожарната единица на Град Скопје, пожарникарите интервенирале од 4.35 часот изутринава до 5.25 часот на гаснење на огнот кој зафатил напуштена барака на булеварот ,,8-ми септември”.

Било интервенирано со две возила и петмина пожарникари. Огнот зафатил површина од 10 метри квадратни.