Пожар избувна на нива во Долно Лисиче (фото)

Изгаснат е пожарот што попладнево избувна на нива во Долно Лисиче, во непосредна близина на мостот покрај кејот на реката Вардар.

Пожарот го забележаа инспектори од Одделението за инспекциски работи на Општина Аеродром при рутинска контрола на територијата. Тие веднаш пријавија во противпожарната единица на Град Скопје од каде што излегоа екипи на терен и со две возила го изгаснаа пожарот.

Во истата тековна контрола на територијата на Долно Лисиче било затекнато лице како пали оган на сопствената нива. Лицето било легитимирано од инспекциската служба на Општина Аеродром и е повикано на разговор во Општината во текот на утрешниот ден. Против лицето ќе бидат преземени соодветни санкции.