Позајми се еден куп пари за свадба - важно е што ќе кажат другите

За да „скрпат“ некоја финансиска дупка, за одмор или за спремање свадба Македонците најчесто подигнуваат кредити.

Податоците на две од трите најголеми банки покажуваат дека граѓаните најмногу преферираат потрошувачки односно ненаменски кредити. Во споредба со сите други банкарски продукти нивната побарувачка најмногу пораснала лани. 

Македонците најчесто одлучуваат да подигнат ненаменски готовински кредит според банкарски жаргон или народски кажано : потрошувачки кредит!

Граѓаните го земаат за најразлична намена: крпење на финансиски дупки, спремање матурска или свадба, одење на одмор, купување уреди за домаќинство или купување половен автомобил, мало реновирање или некоја друга домашна или лична потреба, а можеби и само хир.

Не си Македонец ако немаш некој кредит. За реновирање, за нов автомобил, за патување, за свадба или матура. Секоја веселба кај поголемиот дел од Македонци се прави со пари позајмени од банка. Барем сега е лесно, велат некои.

Во минатото ако ти требаат пари се позајмуваш од најблиските, а денеска одиш до најблиската банка, и за еден ден, веќе ги имаш парите на рака.

Многу македонски свадбени ора денеска се играат на рати. Многу родители се решаваат да прават голема свадбена веселба, да се покажат пред роднините и пријателите, па се одлучуваат на чекор да земат поголем кредит, а потоа истиот да го враќаат со години.

Примерот на чичко Зоран од Скопје, е токму поврзан со свадбениот кредит. Тој има една ќерка. Таа решила да се мажи, но пустата, просечна македонска плата не дозволува да си дозволиш нешто повеќе во животот, туку само од месец за месец, па така истит се одлучил свадбената веселба да ја прави со подигање кредит. Бидејќи има ќерка единици, решил да прави голема свадба. Поканиле околу 250 луѓе. Тој од банката земал кредит од 5.000 евра. И се било добро, додека еден еден ќерка му, не се појавила на неговите врата со нејзините ствари во раце.

-Мислевме дека се е во ред. Земавме кредит. Направивме голема свадба. Имавме околу 500 луѓе заедно и од двете страни. И купивме голема спална соба. Но залудно беше. Бракот траеше само една година. Таа се врати кај нас дома, а јас се уште го плаќам свадбениот кредит, вели чичко Зоран.

Дека браковите денеска се кратки, а разводите многу брзи покажува и овој пример, кој е само еден од многуте во Македонија.

cheap nike air max 90