Повторно зголемено загадување: Во Скопје утрово најзагадено кај Ректорат

По краткиот период кога загадувањето беше нешто пониско, денеска повторно мерните станици покажуваат дека утрово присутството на ПМ 10 честички е над дозволената граница на повеќе места во земјата. Воздухот утрово во главниот град е најзагаден кај Ректорат - 84, а веднаш потоа е и скопската општина Центар со 36.

Во Македонија утрово со најлош воздух се Струмица (50) и и Тетово (35).