Повторно земјотрес го стресе Скопје

Земјотрес попладнево го стресе Скопје. По потресот викендов од 4,2 степени според Рихтер, кој се случи рано наутро во 4 часот и 8 минути и ги вознемири Скопјани, сега се почувствувал нов потрес, послаб од претходниот.

Предмалку земјотрес од 2 степени го стресе Скопје, а епицентарот бил на 2 километри од Илинден.

Се надеваме потресите ќе запрат. Последниот потрес е слаб и нема простор за паника.