Повторно земјотрес го стресе Охрид

Земјотрес со јачина од 2.4 степени според Рихтер беше почувствуван вчера во Охрид. 

Според првичните информации, земјотресот бил на длабочина од 10 километри со епицентар кај малото Преспанско Езеро во Република Грција.

Земјотресот го регистрира охридската сеизмолошка станица, која попладнево регистрира и силен земјотрес од 4 степени по Рихтер кој се случил во Албанија во реонот на Ѓирокастро.