Повторно Непалците се најдоа како дел од билтенот на МВР. Овој пат исчезнати се петмина работници на возраст од 24 до 41 година кои биле вработени во скопска компанија.
Според информациите од МВР, вчера било пријавено дека сите исчезнале од домот кадешто престојувале и се преземаат мерки за нивно пронаоѓање. Во МВР веќе се регистрирани десетици вакви случаи од почетокот на годината, а само минатиот месец одеднаш исчезнаа седум работници, па потоа уште шест.
Засега нема информации за Непалци кои биле најдени. Се препоставува дека заминале на работа во европските држави.