Повторно се вози брзо - изречени над 150 казни само вчера

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 160 возачи.

Од нив, како што соопшти МВР,  10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 65 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 95 надвор од населено место.

Од МВР посочуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.