Повторно се отвора македонската амбасада во Украина

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска е во посета на Киев, од каде информираше дека амбасадата повторно ќе биде ставена во функција.

“Тукушто допатував во Киев, каде покрај средбата со мојот колега, Дмитро Кулеба, во функција повторно ќе ја ставиме и нашата амбасада во Украина.

Северна Македонија стои цврсто во поддршка на храбриот украински народ”, се вели во објавата.