ПОВТОРНО: Самарџиски нема повеќе да игра за Македонија?!

Центарската позиција, која ионака е една од „најтенките“ во нашиот состав би можела да биде дополнително ослабена откако Предраг Самарџиски најавил дека нема да може да му помогне на националниот тим во претстојниот квалификациски циклус, објави спортскиот портал ЕКИПА.

ЕКИПА дознава дека претставниците на МКФ веќе го контактирале долгогодишниот репрезентативец, кој им порачал дека нема да биде во можност да го носи дресот на Македонија во следните квалификации. Ова би значело „повторување на историјата“, откако Самарџиски поради „лични причини“ не настапи ниту на квалификациите за Евробаскет 2015, за откако останатите изборија пласман на ЕП, тој се појави на шампионатот во Загреб.

cheap nike air max 90