Повторно прскање против комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека втората фаза од дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се изврши наредниве денови, и тоа:

1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 18.07.2020 (сабота) и на 19.07.2020 (недела), во раните утрински часови.

2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци ќе се одвива од 20.07.2020 (понеделник) до 24.07.2020 (петок), во период од 22 до 03 часот, наредниот ден.

Дополнително, терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци ќе се изврши на 22.07.2020 (среда), во период од 08 до 17 часот.