Повторно протести во Ѓорче Петров против урбаното дивеење

На 8 мај, сабота, во 12 часот, започнува уште еден протест против урбаното дивеење во Ѓорче Петров. 

Протестот ќе биде на улиците „Радушка“ и „Кузман Шапкарев“

„Причината за организирање на протестот е дивеењето на урбаната мафија која е поддржана од локалната власт. Конкретно станува збор за изградба на објект кој што е до самата пруга без да се почитува законското решение кое пропишува изградба на објект на далечина од 20 метри. Со овој протест ќе побараме општината Ѓорче Петров да почне да работи на терен и да расчисти со урбаниот хаос што се случува во нашата општината“, велат ѓорчепетровци.