На социјалните мрежи повторно се повикува бојкот на маркетите закажан во петок. Мотото на бојкотот е „Црн петок за маркетите“ и со ова се настојува да се прати порака поради зголемувањето на цените. Првиот бојкот што се одржа минатиот петок беше прилично успешен откако УЈП објави дека прометот на маркетите е преполовен.
Причината за континуираните повици за бојкот е висината на цените кои постојано одат нагоре и со тоа директно се руши животниот стандард на граѓаните. Владата се обиде преку потрошувачки кошници да го ублажи, но нивните напори не помогнаа многу откако беше забележано дека цените на другите производи нелогично се покачија при што инспектори од пазарната инспекција се пуштија во контроли на најголемите трговски ланци.