Повторно покажавме дека можеме - собрани средствата за лечење на Марко

Македонците, но и сите хумани луѓе од целиот свет повторно докажаа дека можеме да се сплотиме сите заедно и да спасиме детски живот. 

Мајката на малиот Марко Шпетков, Емилија, објави дека постепено ќе се повлекуваат кутиите за собирање средства и ќе се пристапи кон затворање на донациските броеви, бидејќи за кратко време сите заедно успеавме да собереме доволно пари за тој да замине на операција за неколку дена. 

Ова не е првпат сите да се сплотиме за да спасиме детски живот. Претходно, хуманите луѓе од Македонија, но и од целиот свет, успеаја преку донации да соберат околу 100.000 евра за лечење на Илина Блажевска, која веќе замина во Турција за потребната терапија, но во исто време не изостануваат и други добри вести кога се во прашање хуманитарни акции за помош на деца.